Мисија

Свесна за славната историја и наследството, компанијата, АД “Enrico Giotti S.p.A.”, одлучи да направи трансформација и ремоделирање.

Стратегијата резултираше со наоѓање национални и интернационални трговски посредници, со цел да се истражат сегашните и новите пазари и со тек на времето да се зголеми вредноста на компанијата, нејзиниот промет, углед, квалитет на производите, конкурентни услуги и иновации.

Иновациите подразбираат прилагодување на ненадејните промени во националните и интернационалните сценарија преку согледување на потребите на сегашните и потенцијалните потрошувачи; не да се копира, туку да се произведе нешто навистина ново како резултат на темелно истражување.

Наш приоритет претставува безбедноста на нашите производи, да ги задоволуваат барањата на главните регулативи за храна, да бидат во согласност со сите законски барања и упатствата на потрошувачите. Ваквата општа цел се одразува во голем план преку кој ќе се прегледуваат и прилагодуваат нашите внатрешни процеси и документи додека не бидат задоволени IFS и BRC стандардите. Таквиот план има многу поединости, но сите се потпираат на потребата нашите вработени да бидат свесни дека квалитетот и безбедноста на производот, како и одржувањето на животната средина, претставуваат “шини” по кои мора да се движи нашиот постојан развој.

Свесни за огромната важност на здравјето и безбедноста на нашите вработени, за заштита на животната средина и задоволството на нашите потрошувачи, АД “Енрико Enrico Giotti S.p.A.” се посветени на создавање и развој на практични решенија кои би понудиле економски и еколошки придобивки за целиот систем, преку одржлив развој, минимизирање на опасностите при работа, спречување на несреќи и болести при работа, спој на работата со интегритетот, отвореноста и бизнис етиката кои отсекогаш биле дел од вредностите на оваа компанија.

 

 

Giovanni Giotti
President